
Полна сала во Спомен Дом АСНОМ, ова утро. Ученици, насатвници и родители беа дел од кратката приредба што ја организираше ООУ„Ванчо Прке“ .Сето тоа во рамки на предновогодишната програма на општина Делчево. Учениците играа, пееја, рецитираа, се во знак на Новата година, Дедо Мраз, новогодишните желби и радости. Благодарност до ООУ„Ванчо Прке“ што на убав, разигран и безгрижен детски начин, утрово се запишаат во Зимската приказна во Делчево.



