Усвоен Буџетот за 2026 година на Општина Делчево

  • Новости

Советот на Општина Делчево на денешната Трета седница го усвои Буџетот на Општина Делчево за 2026 година. Буџетот за наредната година е проектиран во износ од 481.604.321 денар, додека Основниот буџет е 192.788.171 ден. Капиталните расходи во вкупниот буџет се 132.205.150 ден, а тековно- оперативните расходи се проектирани во износ од 349.399.171 денар или 72,5%. Во Основниот буџет тековно-оперативни расходи изнесуваат 79.419.668 денари (41%), додека капиталните расходи изнесуваат 113.368.457 денари или 59%.

Како што истакна градоначалникот Гоцевски, Буџетот за наредната година е развоен, затоа што најголем дел од проектираните средства во Основниот буџет-59%- се расходи наменети за капитални проекти.

– Буџетот е реален, одговорен и насочен кон граѓаните. Креиран е со внимателна анализа, отворен дијалог и заедничка работа. Во неговиот фокус се: подобрување на квалитетот на животот, инвестиции во инфраструктура, образование, социјална заштита, спорт и култура, поддршка на граѓанскиот сектор, како и поддршка на ранливите категории граѓани. Вложувањето во капиталните проекти е повеќе од потребно за да имаме добра економија, здрава локална смоуправа и транспарентни процеси кои се темелат на потребата од усогласување на различните потреби на граѓаните, посочи Гоцевски.

Во 2026 година продолжува реализацијата на 10-те развојни програми кои тежат над 111 милиони денари, средства одвоени од Владата:

  • Изработка на техничка документација на ниво на основен проект за реконструкција на постоечка водоводна мрежа-главен цевковод Лошана-Општина Делчево

–     ставање во функција на новата детска градинка во Општина Делчево;

-Партерно уредување на новата детска градинка;

-Изградба на улици во Централно градско подрачје (ст.ул.5, ст.ул.4, крак од ст.ул.4, ст.ул.1, пешачка патека 1, пристапна улица 1);

–           Изградба на улици во СРЦ

–           Изградба на улици во населба Пролет

–           Реконструкција на улица „Индустриска“

–           Атмосферскаи фекална канализација на ул. „Индустриска“

–           Реконструкција на дел од улица во с.Звегор

–           Изградба на краци од ул.„Драмечка“ и улици во населба Басарица

–           Изградба на дел од улица „Видое Смилевски- Бато“ со потпорен ѕид

–           Регулација на коритото на река Брегалница возводно 320 мтр.

–           Реконструкција на дел од улица „Кочо Рацин“

–           Општ тендер (изградба на улиците „Петрашевска“, „Чифличка“, „Ветренска“, „Влаинска“, „Грозданец“, улица во с.Град, крпење на ударните дупки)

–           Изградба на скејт- парк (ИПА проект)

–           Регулација на Брегалница 300 мтр возводно (ИПА -проект)

–           Набавка на нова урбана опрема за детските паркови;

–           Изградба на фекални и атмосферски  канализации;

–           Зимско и интервентно  одржување на улици и општински патишта ;

–           Поставување и одржување на сообраќајна сигнализација и опрема;

–           Надзор над изградба на објекти;

–           Надомест за одземен имот и други расходи.

Освен за Буџетот, на денешната Седница на Советот, се расправаше и се донесоа соодветни акти по уште 28 точки предвидени со Дневниот ред на Седницата, меѓу кои: Одлука за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА Делчево; Јавен повик пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА Делчево; Решение за формирање на Комисија за селекција на членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА Делчево; Одлука за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Управниот одбор на Јавното комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА Делчево; Јавен повик пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Управниот одбор на Јавното комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА Делчево; Решение за формирање на Комисија за селекција на членови во Управниот одбор на Јавното комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА Делчево; Одлука зa престанок со работа на Локален историски, археолошки, етнолошки и природно-научен МУЗЕЈ НА ГРАД ДЕЛЧЕВО-ПИЈАНЕЦ – Делчево; Програма за спорт на Општина Делчево за 2026 година; Програма за активностите на Општина Делчево за поддршка на граѓанскиот сектор во 2026 година; Одлука за измена на Одлуката за отстапување на користење простор во сопственост на општина Делчево за формирање на Младински центар Делчево; Одлука за формирање Штаб за заштита и спасување; Програма за образование за 2026; Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Делчево за 2026 година; Одлука за отпис на движни ствари сопственост на Општина Делчево; Годишен извештај за реализирани активности на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2025 година; Програмата за работа на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2026 година; Програма за јавна чистота во Општина Делчево за 2026 година; Програма за дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2025 година; Oдлука за дополнување на Планот на програми за развој на Општина Делчево за 2026; Одлуки за одобрување финансиски средства по барања; Решение за именување на членови на УО на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево. Одлука за Измена на Годишен план за вработување на ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево за 2026 година.

Shares