ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија и правни лица во областа на спортот од Општина Делчево за 2026 година

Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани (Сл.гласник на Општина Делчево бр.2/2018 и 21/25) и Програмата за спорт на Општина Делчево за 2026 година (Службен гласник на Општина Делчево бр.22/2025),  а согласно Предлог на Комисијата за спорт даден на Записник бр. 08-117/1 од 15.01.2025 година,  Градоначалникот на Општина Делчево  на ден 16.01.2026 година објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија и правни лица во областа на спортот од Општина Делчево за 2026 година

 

 

Со цел да се зацврсти и унапреди соработката на Општината со спортските организации и да се придонесе во развојот на спортот на локално ниво, Општина Делчево ќе врши распределба на средства од Буџетот на Општината за 2026 година кои се наменети зa финансиска помош  на спортски клубови, спортски здруженија и  правни лица во областа на спортот согласно Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани (Сл.гласник на Општина Делчево бр.2/2018 и 21/25), а согласно Програмата за спорт на Општина Делчево за 2026 година (Службен гласник на Општина Делчево бр.22/2025) и согласно утврдените критериуми објавени во овој повик.

Се повикуваат сите спортски клубови, спортски здруженија, спортски клубови во рамките на основните училишта и средното училиште и  правни лица во областа на спортот кои се  регистрирани на подрачјето на Општина Делчево, да достават свои апликации во предвидениот рок.

I. Право на учество имаат сите спортски клубови и спортски здруженија кои ги исполнуваат следните општи услови:

  • Да се регистрирани во согласност со закон, односно да поседуваат решение за регистрација;
  • Да дејствуваат на територија на Општина Делчево.

 

Право на учество имаат спортски клубови во рамките на основните училишта и средното училиште на територија на Општина Делчево;

 

Право на учество имаат правни лица кои ќе организираат спортски манифестации на територијата на Општина Делчево, а кои придонесуваат за развојот на спортот на локално ниво.

 

II. Основни критериуми кои треба да ги исполнуват субјектите кои ќе се пријават на овој повик се:

  • Да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт ;
  • Да ја реализираат утврдената програма за развој на спортот;
  • Да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;
  • Да се грижат за унапредување на младите и нивна поголема вклученост во спортските клубови и здруженија ;
  • Да не вршат политичко и верско организирање и дејствување.

 

III. Посебни критериуми врз основа на кои ќе се врши оценување на спортски клубови и спортски здруженија:

 

Масовност- Број на членови

Над 100 членови 100 бодови
од 51 до 100 членови 30 бодови
од 21 до 50 членови 20 бодови
од 11 до 20 членови 10 бодови
од   1 до 10 членови 5 бодови

 

Лига во која се натпреваруваат

Прва лига 70 бодови
Втора лига 60 бодови
Трета лига 50 бодови
Национална лига (кај единечни спортови) 60 бодови
Регионална лига 40 бодови
Општинска лига 30 бодови
Рекреативни спортови                        20 бода
Училишни спортови                        10 бода

 

Сениорски лига 50 бодови
Младински (Јуниорската) лига 40 бодови
Кадетска  Лига 30 бодови
Пионерска  Лига 20 бодови
Школа за почетници -деца                        10 бодови

 

 

Остварени успеси од претходната сезона

Ранг 1-5 место Средина на табела Дното на табела
Лига во кој се натпреваруваат 60 бодови 40 бодови 20 бодови

 

За освоено место на  олимпијада за прво место

100 бода

за второ место

90 бода

за трето место

80 бода

 За освоено место на светно прванство и купови   за прво место

 

80бода(првeнство)

50 бода(куп)

за второ место

 

70бода(првeнство)

40 бода(куп)

за трето место

 

60бода(првeнство)

30 бода(куп)

 

 За освоено место на европско прванство и купови за прво место

 

60бода(првeнство)

30 бода(куп)

за второ место

 

50бода(првeнство)

25 бода(куп)

за трето место

 

40бода(првeнство)

20 бода(куп)

 За освоено место на Балканско првенства и турнири  за прво место

 

30бода(првeнство)

20бода(турнир)

за второ место

 

20бода(првeнство)

15 бода(турнир)

за трето место

 

10бода(првeнство)

10 бода(турнир)

 

Екипни спортови 100 бода
Поединечни спортови   50 бода
Рекреативни спортови   20 бода

 

IV. Потребна документација која треба да ја достават Спортските клубови и спортските здруженија :

  • тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од шест месеци (копија или оригинал) ;
  • решение за дејност спорт, издадено од Агенцијата за млади и спорт(копија);
  • годишна програма за работа во тековната година;
  • извештај за искористени средства од Општина Делчево за претходната година (доколку користеле средства) ;
  • листа со спортските успеси кои ги постигнале во последните две години, поткрепена со докази;
  • листа на регистрирани членови на спортски клубови и здруженија за тековната натпреварувачка година;
  • официјален годишен билтен за учество во национален систем на натпревари во последните две натпреварувачки години.

 

Правните лица во областа на спортот кои  ќе се пријават  на јавниот повик за да организираат спортски манифестации на територијата на Општина Делчево кон пријавата треба да достават:

 

  • тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од шест месеци (копија или оригинал) ;
  • програма и финансиски план за реализација на спортска манифестација;
  • извештај за искористени средства од Општина Делчево за претходната година (доколку користеле средства).

 

V. Висината на финансиската помош која поединечно може да ја добие спортскиот клуб, спортското здружение и правни лица во областа на спортот може да изнесува најмногу до 300.000денари.

 

VI. Рокот за пријавување изнесува 15 дена, започнувајќи од 16.01.2026 година, а крајниот рок за поднесување на пријави е 30.01.2026 година.

 

VII. Начин на пријавување и адреса на која треба да се достават пријавите

  • Пријавата заедно со документација од точка IV се доставува до архивата на Општина Делчево, по пошта или во електронска форма.
  • Пријавите и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака „ Не отварај“ и со назнака „за јавен повик за доделување на финансиска помош на Спортски клубови, спортски здруженија и правни лица во областа на спортот,, до архивата на Општина Делчево или по пошта  на ул: Светозар Марковиќ. бр.1, Делчево.
  • Во електронска форма пријавите и документацијата се праќаат на официјалната електронска адреса на Општина Делчево e-mail: info@delcevo.gov.mk со назнака „за јавен повик за доделување на финансиска помош на Спортски клубови, спортски здруженија и правни лица во областа на спортот.

                                                                                     ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

                                                                                                          Градоначалник,

                                                                                                            Иван Гоцевски

Shares