
Делчево го збогатува своето семејство на пријатели од меѓународната сцена и сериозно работи за влез на странски инвеститори во општината. Во таа насока, градоначалникот Иван Гоцевски оствари средба со извршниот директор на Македонско- турската стопанска комора. МАТТО, Шахпаз Молалиев.
Градоначалникот Гоцевски истакна дека средбата била инспиративна и плодотворна, пред сè поради воспоставената комуникација, но и поради нашите заеднички интереси и цели за зближување на нашите граѓани на продлабочено ниво.
–Разменивме идеи и можности за унапредување на соработката и јакнење на економските врски меѓу Делчево и Република Турција коишто се живи повеќе децении наназад. Средбата се одржа во конструктивна и пријателска атмосфера, со осврт на потенцијалите за соработка на збратимените градови од Турција со Општина Делчево. Од соговорниците добив важни информации за значајната улога што Стопанската комора ја има во унапредувањето на билатералните односи меѓу двете држави. Како заедница нашите две општества се поврзани преку нашите културни традиции што се основа за секоја друга соработка. Убеден сум дека турскиот народ којшто живее и работи како дел од нашата заедница во Делчево, може да биде силен мост за поврзување на двете држави што претставува дополнителна основа за продлабочување на пријателството и соработката на секое поле, посочи Гоцевски.



