Потпишан Меморандум за соработка со Доброволната планинска спасителска служба „Осогово“

  • Новости

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски и претседателот на Доброволната планинска спасителска служба „Осогово“ од Кочани, Гоце Исајов денеска потпишаа Меморандум за соработка. Документот претставува значаен чекор кон зајакнување на безбедноста на граѓаните и посетителите на нашата Општина, особено во планинските подрачја.  

Обврската на двете страни е заедничко и координирано имплементирање на сите предвидени активности во насока на подобрување на безбедноста на планина, побрза и поефикасна координација при интервенции, размена на знаења и искуства, како и заеднички активности насочени кон превенција обука и навремена реакција во случаи на несреќи и вонредни состојби.

– Развојот на туризмот, посебно планинскиот, а со тоа и сè поголемиот број посетители, вљубеници во планината и природата, нè обврзува да бидеме одговорни и подготвени како добри домаќини да пружиме поголема безбедност и заштита на сите граѓани и посетители. ДПСС претставува важен партнер, а нивната стручност, хуманост се од непроценливо значење. Како одговорна Општина остануваме посветени на градење партнерства кои директно придонесуваат за поголема сигурност и безбедност на заедницата, истакна градоначалникот Гоцевски.

Shares