Се гради инфраструктура во населбата СРЦ

  • Новости

Започна изградбата на инфраструктурата во новата населба СРЦ во Делчево со што ќе се создадат предуслови за безбедно, функционално и модерно домување на жителите и современи урбани услови за развој на населбата.

Во моментов се гради подземната инфраструктура: атмосферска канализација во должина од 538, фекална во должина од 165м и водоводна во должина од 304 м. По завршување на изградбата на подземната инфраструктура, ќе се градат 3 улици во населбата со вкупна должина од 400 метри: улица 5, улица 6, улица 8.

Увид во градежните работи направи градоначалникот Гоцевски кој истакна дека изградбата на инфраструктурата во населбите во Делчево е стратешки приоритет и предуслов за рамномерен развој на урбаните зони и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

–          Вложуваме во иднината на нашата општина и создаваме современи услови за живот на сите граѓани и одржлив урбан развој. Градската населбата СРЦ која беше заборавена, а според локацијата и новите градби, може да биде украс на градот, ја добива целата потребна инфраструктура. Интензивно се работи на изградба на потребната инфраструктура во новата населба СРЦ со што ќе се создадат предуслови за безбедно, функционално и модерно домување на жителите и современи урбани услови за развој на населбата, нагласи Гоцевски.

Вкупната вредност на овој проект изнесува 10.204.477 ден. средства се обезбедени од Владата преку Министерството за транспорт и врски, а изведувач на работите е ДПТУ ОСД Кирил ДООЕЛ експорт-импорт Штип.

Shares