
Во новата детска градинка во населбата Расадник заврши изградбата на новото детско игралиште. Оплеменето како катче за игра и рекреација за најмладите, игралиштето нуди повеќе содржини, а е изградено врз безбедна подлога за дечињата.
Паралелно со тоа и согласно со проектот, во тек е изградбата на дворната ограда на детската градинка во должина од околу 200 метри. Уредувањето на дворот на градинката содржи и изградба на летниковец, печашки патеки, поставување урбана опрема- клупи, канти за отпад и сл и тревна површина. Сите овие содржини, освен уреден и впечатлив објект, треба да ја дадат основната цел на новиот објект наменет за грижа за дечиња до 6-годишна возраст- безбеден престој и содржини кои позитивно ќе влијаат врз раниот детски развој.
Работите ги извршува фирмата ПАНЕЛ-М од Тетово, а вкупната вредност на договорот е 6,7 милиони денари со вклучен ДДВ.



