Нова манифестација во Делчево: Денови на пијанечката пчела

  • Новости

Пчеларите од Делчево најавија востановување нова манифестација под наслов „Денови на пијанечкиот мед“ која има за цел афирмација и промоција на пијанечкиот мед како здрав и квалитетен еколошки производ. Ова го најавија делчевските пчелари од Здружението „Пијанечка пчела два“ на настан организиран по повод одбележување на празникот на пчеларите и нивниот заштитник,  свети Харалампие.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски кој даде поддршка на работата на Здружението и истакна дека востановувањето на новата манифестација е во насока на зачувување на пчеларската традиција и на подигањето на свеста за значењето на пчеларството во руралниот развој нашето Делчево и регионот.

–       Манифестацијата „Денови на пијанечкиот мед“ треба да ја промовира вашата работа и нашиот мед создаден од пијанечките ливади и борови шуми во чиста еколошка средина. Несомнено е дека пијанечкиот мед е чист, природен и квалитетен производ, создаден со многу љубов и труд во пчеларниците на нашите вредни пчелари и заслужува да излезе од локални рамки и да биде препознат како наш своевиден бренд кој гарантира квалитет. Јас, како градоначалник, ќе вложам максимални напори оваа манифестација да прерасне во традиција, истакна Гоцевски.

Гоцевски нагласи дека Општина Делчево ќе продолжи да ги поддржува пчеларите преку мерки и активности што ќе овозможат подобри услови за работа, едукација и пласман на домашните производи. Верувам дека вложувањето во пчеларството е вложување во здрава и сигурна иднина.

Shares