Формирани сите 28 месни и урбани заедници

  • Новости

Општина Делчево го заврши процесот на активирање на месните и урбаните заедници. Во транспарентен процес се формирани 28 месни и урбани заедници и за прв пат од формирањето на Општина Делчево има три жени претседатели на месни и урбани заедници и 13 жени членки на советите на овие тела што говори за интересот на жените да учествуваат во работите на телата кои се основна клетка во локалната самоуправа: Елвира Арилиза, претседателка на УЗ Басарица, Слободанка Димитровска, УЗ Ново Делчево и Слободанка Митевска, престедателка на МЗ Вратиславци. Во процесот учествуваа вкупно 401 граѓанин од нив 372 се мажи и 29 се жени. На Општинската веб-страница се објавени избраните претседатели/ки и нивните контакти со цел полесна комуникација на секој од жителите на одредената заедница.

ЛИСТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СОВЕТИ НА  МЕСНИ И УРБАНИ ЗАЕДНИЦИ

Градоначалникот Иван Гоцевски изрази задоволство од целиот процес на активирање на месните и урбаните заедници и од интересот на жителите за учество во работата на советите. Тој уште еднаш ја истакна важноста на функционирањето на месните и урбаните заедници, бидејќи преку оваа форма на организирање се овозможува граѓаните да се активни во својата заедница, да дадат придонес во решавањето на нивните секојдневни проблеми и да придонесат за подобро функционирање на општината.

На 5 март во 18 часот во Мултифункционалниот центар во Спомен-дом АСНОМ ќе се одржи првата работилница на новоизбраните состави на советите и претседатели/ки на која ќе се разгледува Програмата за активностите на месните и урбаните заедници ан територијата на Општина Делчево за 2026 г.

Инаку, започната е постапка за формирање на УЗ на новата населба Пролет која треба да заврши до крајот на месецот април оваа година.

Shares