МЗ од с. Габрово во акција за решавање на приоритетите

  • Новости

Жителите на с. Габрово организирани од МЗ на селото, деновиве самоиницијативно се организираа и го решија хроничниот проблем со затнатиот прпопуст покрај локалниот пат Делчево-с. Габрово. Со механизација и рачно и со помош од ТППЕ Делчево беше исчистен пропустот во должина од над 10 метри кој го поплавуваше локалниот пат и околните површини заканувајќи се да го поткопа коловозот на локалниот пат кој води за с. Габрово.

Ова е втора самостојна активност на МЗ на ова село со кои новоформираната МЗ реши два приоритети дефинирани на состаноците на МЗ. Пред неколку месеци беше исчистена јавната површина околу селската џамија од отпад и дивоизраснати растенија.

За градоначалникот Гоцевски и оваа акција е добар пример како може иницијативите на граѓаните организирани преку месните заедници да се претворат во конкретни акции. Тој истакна дека активностите кои ги презема МЗ на с. Габрово се поттик и за другите месни и урбани заедници, а Општината секогаш ќе дава поддршка на ваквите и слични иницијативи кои доаѓаат од месните и урбаните заедници.

Shares