Делчево го шири семејството на пријатели

  • Новости

Делчево воспоставува соработка со италијанскиот регион Пиемонте. Во моментов се вршат разговори и план за економска, културна и друг вид соработка со овој италијански регион. Градоначалникот Иван Гоцевски информира дека Делчево интензивно работи за проширување на соработката со други градови од други држави и веќе е воспоставена соработка со општини од Турција и Бугарија, а во фаза на разговори е соработка со три општини од регионот од Пиемонте.

–          Денеска ќе имаме зум- состанок со градоначалници од три општини Монфорте, Родино, Новело каде што живеат и работат многу наши сограѓани, не само од Делчево туку и од други градови од Макеоднија. Целта е да се продлабочи соработката и веруваме дека сето ова ќе вроди со плод. Соработката е замислина за збратимување, но таму простапките се поразлични и е потребна поддршка од ресорните министерства. Сепак, тоа не нè ограничува да имаме соработка на културно, историско и економско поле и во насока на изнаоѓање идни донации за институциите во Делчево, нагласи Гоцевски.

Shares