Пожарникарите во акција за чистење на просторот околу ТППЕ во Делчево

  • Новости

Делчевските пожарникари денеска спроведоа акција за расчистување на просторот околу зградата и гаражите на ТППЕ. Помогнати со механизација од ЈКП „Брегалница“ и рачно, тие го исчистија просторот кој со години беше запуштен и небезбеден и грда слика на институциите сместени во овој дел на градот.

Градоначалникот Иван Гоцевски се приклучи на акцијата и истакна дека оваа акција не е само акција за отстранување трева и грмушки, туку пример како институциите треба одговорно и домаќински да се однесуваат кон јавниот простор и при тоа изрази благодарност до пожарникарите за нивниот личен ангажман и посветеност, како и до екипите на ЈКП Брегалница, кои со својата механизација и поддршка дадоа значаен придонес.

Воедно, градоначалникот Гоцевски изврши и увид во новата донација наменета за ТППЕ Делчево која се состои од: 25 јакни, 25 панталони и 10 пара пожарникарски чизми, донирани од BIDI DOBAR A NJ NONPROFIT CORPORATION.

Оваа вредна поддршка значително ќе ги подобри условите за работа и лична заштита на нашите пожарникари. Упатуваме искрена благодарност до донаторот за хуманоста, солидарноста и поддршката што ја покажуваат кон Делчево. Кога институциите и пријателите на градот делуваат заедно, резултатите не се само видливи – тие се трајни и значајни за иднината на нашата општина, нагласи Гоцевски.

Shares