
Во Делчево пристигна донација составена од 15 контејнери за мешан отпад од 1,1 м3 и 6 сета канти за електронски и електричен отпад и отпад од кабли и батерии.
Донацијата е од фирмата ЕЛ-КОЛЕКТ.
Кантите за електронски отпад веќе се распределени по образовните институции во градот и детската градинка, додека новите контејнери ќе се постават дополнителнo согласно со планот и програмата на Општина Делчево и на места каде се неопходни и кои претставуваат критични точки кога е во прашање комуналната хигиена.
Градоначалникот Гоцевски изрази благодарност до фирмата за оваа донација и истакна дека Делчево продолжува со својата примарна мисија- почиста и еколошки здрава животна средина.
-На овој пат, среќаваме многу пријатели кои ги препознаваат нашите напори и со конкретни средства ни помагаат во остварувањето на нашата стратешка цел-Делчево да ни биде убаво, чисто, да ни биде гордост. Сакам да потенцирам дека овие садови за отпад не се само инфраструктура- туку се симбол на нашата посветеност кон одржлив развој, кон подигнување на еколошката свест и кон создавање навики кои ќе придонесат за почиста иднина, нагласи Гоцевски.



