Еднакви можности секој ден

  • Новости

Со порака: 8 Март- не е само ден за честитки, туку потсетник дека еднаквите можности се темел на праведно и силно општество!-Комисијата за еднакви можности и Општина Делчево ја спроведуваат кампањата: #ЕднаквиМожностиСекојДен#

Целта на кампањата е да испрати јасна порака дека родовата еднаквост не е само  тема по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март, туку вредност што треба да се живее и применува секојдневно- во институциите, на работното место, во образованието и во семејството. Еднаквоста не е само прилвилегија, туку право. И таа се практикува не еден ден туку секој ден!

За еден поинаков 8 Март во Делчево, КЕМ и Општина Делчево организираат акција за засадување цвеќиња со цел разубавување на дел од градскиот парк пред Спомен-дом АСНОМ. На акцијата ќе учествуваат членки на КЕМ и координаторките за ЕМ од Општина Делчево, советнички, раководителки, работнички, претставнички на граѓанскиот сектор и на месните и урбаните заедници.

Во рамките на акцијата и во соработка со Организација ЖЕНА, ќе бидат поделени флаери за значењето на еднаквите можности во едно здраво општество.

#ЕднаквиМожностиСекојДен

Shares