Месните и урбаните заедници ја дефинираа првата Програма за активности на месната самоупрва на Општина Делчево

  • Новости

Претседателите на месните и урбаните заедници ја дефинираа првата Предлог-програма за активностите на месните и урбаните заедници на територијата на Општина Делчево за 2026 г  која на следната Седница на Советот на Општина Делчево ќе се даде на усвојување.

Во оваа Предлог-програма се дефинираат повеќе приоритети кои треба да придонесат за унапредување во повеќе области:

 -комунални дејности (снабдување со вода за одведувањето на отпадните води,

одржување на хигиената на зеленилото, изградба и одржување на патната мрежа, уредувањето и одржувањето на гробиштата во селата);

-заштита на животната средина (заштита од загадување на водата,воздухот и почвата, заштита од прекумерна бучава и др);

-урбанистичко уредување на просторот;

-јавниот превоз на патници;

-образованието, здравство и социјална заштита;

-културни, забавни и спортски манифестации и одржување на објектите од јавен интрес;

-развивање на добрососедските односи;

-снабдување со стоки и услуги, како и заштита на потрошувачите;

-други прашања од секодневно значење за животот и работата на граѓаните;

 На состанокот на кој присуствуваа претседатели и членови на советите на месните и урбаните заедници, присуствуваше и градоначалникот Иван Гоцевски кој посочи дека со еден транспарентен и инклузивен процес, Општина Делчево ја изработи првата програма која претставува рамка во која се предвидуваат активностите, целите и обврските на овие тела и на Општина Делчево.

Соработката со месните и урбаните заедници претставува клучен елемент за развојот на локалната самоуправа и за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Целта е заедничко идентификување на локалните проблеми и планирање на конкретни активности за нивно решавање, особено во областите, како што се инфраструктурата, комуналните услуги, уредувањето на јавните простори и подобрувањето на условите за живот во населените места. Со ваквиот пристап, месните и урбаните заедници ќе бидат вистински партнери во развојот на општината, нагласи Гоцевски.

Shares