
Општина Делчево започна со голема акција за расчистување на дивите депонии. Екипи на ЈКП „Брегачлница“ и лица ангажирани преку Програмата за јавни работи, граѓани ентузијасти- со механизација и рачно, ја започнаа акцијата за чистење на дивите депонии. Првата акција беше спроведена на расчистување теренот околу тениското игралиште и влезот на градскиот стадион. Акцијата се реализираше со поддршка и на општествено одговорни компании и граѓани и покажа дека здружени заедно, граѓани, компании и институции можат во Делчево да промовираат вредности и да покажат со дела дека грижата за животната средина е приоритет на сите.
Како што најави градоначалникот Гоцевски- време е заеднички да ја исчистиме нашата околина и да и дадеме нов, чист почеток на природата.
–Дивите депонии не само што ја нагрдуваат околината, туку претставуваат и сериозна закана за здравјето на луѓето, почвата и водата. Затоа оваа акција е повик до сите – институции, организации и граѓани – да се вклучат и да придонесат за почиста средина, нагласи Гоцевски.
Чиста околина значи поздрав живот
Природата не е депонија
Одговорноста е на сите нас
Општина Делчево ги повикува сите совесни граѓани да се приклучат, да пријавуваат диви депонии и да помогнат во нивно отстранување.
Само заедно можеме да направиме вистинска промена.Да ја дочекаме пролетта со чиста и здрава околина!
Пријави депонија на:
тел. +38933411550




