
Со превентивна активност за поголема безбедност и одговорно учество во сообраќајот ОСБСП Делчево, МВР ОВР Делчево, РЦГР – Исток и РСБСП го честитаат Денот на жената – 8 Март и испраќаат силна порака: да постои почит, еднаквост и безбедност во сообраќајот за секоја жена.
Жените се активни учеснички во сообраќајот на патиштата и двигатели на позитивни промени. Статистиката и практиката потврдуваат дека жените често се пример за повисок степен на сообраќајна дисциплина и одговорност во сообраќајот. Жените-возачи поретко практикуваат брзо возење, нагло забрзување или возење под дејство на алкохол. Сепак и покрај ова, статистиката покажува дека значително е поголема веројатноста жените да бидат повредени во сообраќајни незгоди.
На подрачјето на општина Делчево во текот на 2025 година во 84% од сообраќајните незгоди возачот е маж, во 10% од СН со возилото управувала жена, а во 6% од СН управувало НН лице. Од вкупниот број на повредени лица во СН 8 % се жени.
Затоа, ОСБСП Делчево, МВР ОВР Делчево, РЦГР – Исток и РСБСП повикуваат на внимателност кај секој учесник во сообраќајот, а по повод празникот 8 Март на жените-возачи им препорачуваат:
– да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи,
– да се грижат за сите учесници во сообраќајот,
– почесто да ја проверуваат исправноста на возилото, и
– да бидат пример за издигнување на безбедноста во сообраќајот на повисоко ниво.



