
Со кратки предавања, експерименти и изложба на ликовни дела со тема-Ден на водата- СОУ „М.М.Брицо“ во соработка со основните училишта „Ванчо Прке“ „Св. Климент Охридски“ Делчев ги покажаа своите знаења за природните науки, но и го афирмираа значењето на водата како еден од најважните ресурси, а по повод Светскиот ден на водата.
Проектот има за цел да ја поттикне соработката меѓу училиштата и да ја подигне еколошката свест кај учениците за значењето и заштитата на водата како еден од најважните природни ресурси, а активно беа вклучени ученици од природно-математичката насока и учениците кои освоиел награди или покажуваат голем интерес за природните науки: билогија, хемија, физика, географија.
Во рамки на проектот ќе се реализираат повеќе активности:
- Формирање тимови од ученици од средното училиште кои ќе бидат носители на активностите;
- Вклучување на ученици од основните училишта во тимовите, со активно учество во реализацијата;
- Организирање показни вежби и демонстрации од областа на природните науки;
- Истражувања во природа и набљудување на живиот свет;
- Изведување едноставни научни експерименти;
- Едукативни игри преку кои учениците на интерактивен начин ќе ги прошируваат знаењата од географија;
- Промоција на активностите преку социјалните мрежи и локалните медиуми.
Со реализацијата на проектот се очекува:
- Подобрена соработка помеѓу училиштата;
- Развивање на практични и истражувачки вештини кај учениците;
- Зголемена еколошка свест и грижа за природата;
- Поголема видливост и афирмација на СОУ „М.М.-Брицо“ во локалната заедница.
Со овој проект, СОУ „М.М.-Брицо“ Делчево ја продолжува традицијата на организирање едукативни и еколошки настани, кои ги поврзуваат учениците со природата и ја поттикнуваат нивната одговорност кон животната средина.
Во рамки на активностите за одбележување на Денот на водата по предметот Природни науки, учениците од V одделение ја посетија пречистителната станица за вода во с. Тработивиште. Учениците се запознаа со процесот на филтрирање, пречистување, третирање и дистрибуција на водата за пиење од брана Лошана и бунарите до нивните домови.






