
Комисијата за доделување ученички стипендии ја утврди листата на ученици и студенти кои ќе добиваат стипендии за учебната 2025/2026 година, согласно со конкурсите за доделување ученички стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ и студентски стипендии на студенти од Делчево кои студираат на државните факултети во РСМ.
Општина Делчево годинава доделува 19 стипендии за средношколци во три категории и 4 стипендии за студенти во две категории. Стипендиите се неповратни и ќе се исплаќаат за период од девет месеци започнувајќи од јануари 2026 г. Висината на стипендијата зависи од категоријата на која аплицира средношколецот, односно 2 000 ден месечно за првата категорија и 2.500 денари месечно за втората, додека стипендијата за ученик со попреченост ќе изнесува 2 000 ден. Висината на стипендиите за студенти изнесува 2.500 денари месечно за првата категорија и 4.000 денари месечно за втората категорија.
Прва категорија на стипендии добија учениците:
1. Ива Анакиевска 90 бодови (4 година)
2. Матеј Атанасовски 85 бодови (2 година)
3. Моника Поповска 80 бодови (3 година)
4. Марија Јанковска 80 бодови (3 година)
5. Михаил Ивановски 80 бодови (3 година)
6. Христијан Стаменковски 79,5 бодови (3 година)
7. Сара Тодоровска 40 бодови (4 година)
8. Стефанија Тодоровска 39,5 бодови (3 година)
9. Кирчо Цветковски Сребров 35 бодови (2 година)
10. Евгенија Стоичовска 35 бодови (3 година)
Втора категорија стипендии добија учениците:
1. Анастасија Петровска 125 бодови (2 година)
2. Теона Атанасовска 118 бодови (4 година)
3. Сара Петровска 105 бодови (4 година)
4. Филип Станоевски 95 бодови (3 година)
5. Ана Ивановска 70 бодови (3 година)
6. Ивана Дамјановска 70 бодови (4 година)
7. Леонтина Вирчанска 70 бодови (3 година)
8. Ана Димитровска 70 бодови (3 година)
Студентски стипендии
Во прва категорија:
1. Ерика Стоименовска- студентка на Медицински факултет – Општа медицина на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје
Во втора категорија
1.Гоце Аџиски- студент на Градежен факултет – Студиска програма Геодезија), Универзитет ‘‘Св.Кирил и Методиј‘‘ во Скопје.
2. Фросина Јовановска-студентка на Факултет за медицински науки – Општа медицина на Универзитет ‘‘Гоце Делчев‘‘ – Штип



