Кампања на МЗШВ „Гласот што го слушаме-македонското најдобро“: средба со земјоделците во Град и Тработивиште

  • Новости

Во рамките на кампањата што ја реализира МЗШВ, „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, претставници од Министерството и градоначалникот Гоцевски одржаа средба со земјоделците од Град и Тработивиште на која се разговараше за реалните предизвици со коишто се соочуваат земјоделците.

На средбата присуствуваа Ромео Тренов од Управата за водостопанство и Оливер Ивановски од Државната фитосанитарна лабораторија кои, меѓу другото, ги нагласија и презентираа и политиките и мерките за поддршка на македонското земјоделство на Владата со  цел да се создадат услови во кои земјоделците ќе можат да инвестираат и да го развиваат своето производство.

 Како што истакна градоначалникот Гоцевски, поддршката на земјоделците, значи поддршка во локалната економија, на руралните средини и на иднината на нашата општина.

-Градиме инфраструктура, ги оспособуваме локалните/селските патишта да бидат проодни за земјоделска механизација, а како општина, работиме на промоција на производите кои се бренд на Пијанец. Ја возобновуваме манифестацијата „Пијанечки денови на сливата“ и најавувам дека оваа година натпреварот во варење ракија ќе се одржи во селото Град; воедно, за прв пат востановуваме и манифестација- Денови на пијанечкиот мед- и со нашите пчелари работиме на афирмација и промоција на пијанечкиот мед-како здрав производ, здрава храна и лек. Во село Тработивиште даваме поддршка за афирмација на карактеристичниот производ за село Тработивиште и одржувањето на манифестацијата „Зелкаријада”. Паралелно на тоа, отпочнуваме урбанизација на неколку делчевски села и со тоа земјоделците ќе имаат можност да се здобијат со потребна документација за аплицирање на јавните повици за унапредување на нивното производство, нагласи Гоцевски.

Shares