
Општина Делчево, преку ТППЕ Делчево и согласно со насоките на Општинскиот штаб за заштита и спасување, започнува со спроведување редовни дронски контроли на терен, со цел навремена превенција и откривање потенцијални шумски пожари.
Со користење на новата современа технологија, значително се унапредува мониторингот на ризичните подрачја и се овозможува побрза и поефикасна реакција на надлежните служби.
Овие активности ќе продолжат и во наредниот период, во координација и соработка со други релевантни институции, со заедничка цел – заштита на шумите, животната средина и безбедноста на граѓаните.
Апелираме до сите граѓани на одговорно однесување и почитување на мерките за заштита од пожари.



