
Лични сведоштва од војна и длабоки пораки за последиците и траумите од војната денеска беа пренесени преку литературни дела во рамките на литературниот конкурс под наслов „Војната долго се осветува“ организиран од Меѓуопштинското здружение на цивилни инвалиди од војната.
Настанот се одржа во ООУ „Св.Климент Охридски“, каде присутните имаа можност да проследат силни и впечатливи лични сведоштва од цивилни инвалиди и нивни претставници. Нивните обраќања му дадоа посебна тежина и едукативна димензија на настанот, овозможувајќи им на учениците непосредно да се запознаат со последиците од војната и значењето на зачувувањето на мирот.
На настанот присуствуваше и градоначалникот Гоцевски кој им честита на учениците за нивните инспиративни и зрели говори, демонстрирајќи висок степен на свесност и ангажираност по однос на темата за војната.



