
Со пораката Да ја одбележиме заедно историјата преку зборот и да ја чуваме искрата на слободата жива, ЈЛБ „Илинден“ и Општина Делчево ги повикуваат сите љубители на пишаниот збор да учествуваат на Литературниот конкурс распиша конкурс на тема „150 години Разловечко востание – Искра за вечна слобода на Македонија“.
Со распишувањето на литературниот конкурс, Општина Делчево и официјално ги започна настаните по повод одбележувањето на големиот јубилеј, еден век и половина од првото вооружени востание запишано со црвени букви во македонската историја и предилинденскиот период, со што се отвора едно поглавје на сеќавање, гордост и почит, бидејќи Разловци не е само историја, тоа е жива порака дека слободата се сонува, но и се освојува.
Согласно со условите предвидени во Конкурсот, љубителите на пишаниот збор можат да конкурираат во двете категории-поезија и проза, а право на учество имаат:
-Ученици од општинските основните училишта
-Ученици од средното општинско училиште
-Останати граѓани
Крајниот рок на доставување на творбите е 04.05.2026 г.(понеделник), а творбите можат да се достават:
-Во просториите на ЈЛБ„Илинден“- Делчево
-Кај наставниците по македонски јазик за основците
-Кај професорите по македонски јазик за средношколците
-На e-mail: m.biblioteka@t.mk
Во сите категории ќе бидат доделени награди за прво, второ и трето место во сите категории, а најдобрите творби ќе бидат јавно прочитани и промовирани на завршниот дел од манифестацијата за одбележување на 150 годишнината од Разловечкото востание на 19 мај во село Разловци.
Подетални информации на следниот линк до конкурсот
Литературен конкурс: 150 години Разловечко востание – Искра за вечна слобода на Македонија



