
Под мотото „Заедно да подадеме рака на развојот“, Општина Делчево организира бизнис-форум кој претставува платформа која обединува идеи, визии и можности за економски напредок на Делчево.
На Бизнис-форумот, покрај претставници од бизнис-секторот од Делчево и регионот, се очекува присуство и на претставници од централната власт и од Македонско-буграската стопанска комора. На Форумот ќе се отворат теми за локалниот економски развој и инвестициските можности на Делчево, за иновациите и дигитализацијата и партнерствата со соседни региони и потенцијалите за извор на локални производи
Целта на организацијата на Бизнис-форумот е да се создаде простор за поврзување, размена на идеи и поттикнување на економскиот равзој, но и да се овозможи дијалог и соработка меѓу бизнис-заедницата, институциите и инвеститорите со цел унапредување на економскиот развој и креирање нови деловни можности.
Бизнис-форумот ќе се одржи на 30 април (четврток) со почеток од 12 ч во салата во Спомен-домот АСНОМ



