
Делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Иван Гоцевски деновиве престојува во повеќедневна работна посета на Општина Рача, Србија, општина со која Делчево има изградено партнерси односи кои се негуваат повеќе од 16 години.
Во рамките на посетата беше остварена работна средба со градоначалникот на Општина Рача, Бранко Радосављевиќ на кој беше потенцирано значењето од досегашаната соработка, а беше разговарано и за отворање нови перспективи на кои ќе се темели идната соработка.
Градоначалникот Гоцевски нагласи дека посетата на Општина Рача отвора ново поглавје во соработката во областа на образованието, како една од клучните инвестиции во иднината на нашите општини.
-Преку оваа средба ја потврдуваме определбата за поврзување на училиштата, размената на наставни практики и искуства. Посебен акцент ставаме на дигитализацијата во образованието, воведувањето современи методи на учење и градење партнерства меѓу училиштата. Нашата цел е да создадеме средина во која младите ќе имаат можности за нови хоризонти и перпсективи за личен професионален развој. Оваа соработка е инвестиција во знаењето и во иднината на двете општини. Веруваме дека само преку заеднички проекти и иницијативи можеме да создадеме нови можности за нашите општини и да изградиме трајни врски засновани на доверба и заемна поддршка, истакна Гоцевски.
Делчево и Рача, 16 години ја испишуваат успешната партнерска приказна и градат пријателство кое е поврзано со економскиот развој, културата и ловниот туризам.



