Дел од улицата „Орце Николов“ доби асфалт

  • Новости

Дел од  улицата „Орце Николов“ во населбата Ново Делчево доби асфалт во должина од 160 метри со што заврши изградбата на овој инфраструктурен проект кој поврзува многу нови градби во овој дел од населбата познат како Шумски Расадник. Претходно на овој дел од улицата беше изградена и подземна инфратсруктура, а покрај асфалтирањето на коловозот кој е со ширина од 6 м, на овој потег се изградени и тротоари.

Увид во завршните работи на улицата изврши градоначалникот Иван Гоцевски кој изрази задоволство од завршните работи на улицата и посочи дека изградбата на нови улици и решавање на проблемот со патната инфраструктура останува да биде приоритет број еден.

Градежните работи на улицата ги изведуваше Стентон градба, а средствата се обезедени од Светска банка преку Министерството з атранспорт и врски.     

Shares