
Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, претставници на бизнис-заедницата, на институтциите и на граѓанскиот сектор да земат учество на првиот Бизнис –форум кој ќе одржи на 30.04.2026 год. (четврток) во 12 часот, во салата на Спомен- дом АСНОМ при Општина Делчево на тема: „Заедно да подадеме рака на развојот!“.
Целта на бизнис -форумот е подобрување на постојните и воспоставување нови деловни врски, како и дефинирање на идните насоки на економска соработка меѓу Општина Делчево и пограничните општини од Р.Бугарија кои традиционално одржуваат блиски економски односи, особено во последните неколку години.
На настанот ќе учествуваат претставници на институции и бројни компании од нашата општина и пограничните општини од Република Бугарија, со цел поттикнување на соработката во областите на трговијата, производството и инвестициите, како и создавање нови можности за деловно вмрежување.
Средбата на бизнисмени ќе ја предводи градоначалникот на Општина Делчево, а форумот нуди уникатна можност за:
– Вмрежување и соработка;
– Размена на идеи и добри практики;
– Афирмација на локалните и регионалните можности за развој на стопанството;
– Поттикнување на заеднички проекти за одржлив економски развој и зелена циркуларна економија.
Придружете ни се и бидете дел од градењето на понапредна и поврзана бизнис- заедница, каде што границите се мостови за соработка.
Агенда за настанот:




