Врз основа на член 50 став 1 точка 4 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/2002 и „Сл. весник на РСМ“ бр. 84/20, 202/24) и42 став 1 точка 4 од Статутот на Општина Делчево („Службен гласник на Општина Делчево“ број 15/2013, 2/2019 и 1/2021),а согласно член 2 од Одлукатаза констатирање природна непогода-голомразица на територијата на Општина Делчево заведена под бр.09-1518/1 од ден 06.05.2026 година(„Службен гласник на Општина Делчево“ бр.6/2026), Градоначалникот на Општина Делчево објавува
ЈАВЕН ПОВИК
За пријавување штети на земјоделски насади предизвикани од природна непогода-голомразица на територијата на Општина Делчево во месец мај 2026 година
Општина Делчево ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските насади предизвикани од природна непогода-голомразица која ја зафати територијата на Општина Делчево во месец мај2026 година, да пријават штета на своите насади на барања кои ќе им бидат достапни во просториите на архивата на Општина Делчево .
Покрај Барањето секој барател треба да достави
- Копија од лична карта
- Доказ за користење на земјиштето за насадите (Решение за запишување на земјоделското стопанство во единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ или Имотен лист или Договор за закуп на земјоделската површина – се доставува доколку земјиштето е под закуп)
- Трансакциска сметка
Со потпишување на Барањето се потпишува и изјава за веродостојност на податоците и изјава за согласност за користење на личните податоци. Доколку доставените документи не се целосни, Барањето нема да се разгледува.
Пријавувањето на штетите може да се изврши во период од 07.05.2026 година до 21.05.2026 година, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Иван Гоцевски



