
По повод 150 –годишнината од Разловечкото востание, АД Национални пошти изработи официјална поштенска марка со мотиви од Разловечкото востание. Печатењето на марката беше завршено кон крајот на месец април оваа година, а официјалната промоција на поштенската марка „150 години Разловечко востание” ќе се одржи на пригодна свеченост на 18 мај во Спомен– домот АСНОМ во Делчево во рамки на манифестацијата за одбележување на значајниот јубилеј. Промоцијата на марката ќе ја изврши Бојан Кареместевски- директор на Секторот за поштенски операции при АД Пошти на Македонија, како и градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски. На промоцијата на поштенската марка ќе бидат поделени промоизданија од самата марка на присутните претставници на институциите и останати заинтересирани граѓани.



