Асфалт на дел од регионалниот пат за Берово кај с. Стамер

  • Новости

Екипи на Македонија пат денеска поставуваа асфалт на дел од регионалниот пат  Делчево-Берово, кај с. Стамер. Реконструкцијата на оваа делница е во должина од 1.300 метри, а вредноста на работите изнесува 15.милиони денари. Инвеститор е ЈПДП.

Увид во завршните работи денеска изврши градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски кој изрази голема благодарност до екипите кои работат на теренот и инвеститорот ЈПДП нагласувајќи дека само во минатата година во Делчево се вложени 48 милиони денари за реконструкција на патот Делчево-Габрово и реконструкција на дел од регионалниот пат Делчево-Пехчево.

 Денес сме сведоци на завршните активности на реконструкција на дел од регионалниот пат за Берово што е уште еден доказ дека централната власт во континуитет продолжува со инвестиции во инфраструктурата и во капитални инвестиции и изградба на современа патна мрежа кои се во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Оваа делница на регионалниот пат Делчево-Пехчево е од особено значење за голем број на граѓани, кои секојдневно го користат овој регионален пат за Пехчево и Берово, нагласи Гоцевски.

Shares