
По целосната изградба на улицата „Орце Николов“, поставени се технички средства за забавување на сообраќајот како и современа сообраќајна опрема и сигнализација, со што улицата го доби својот финален, модерен и уреден изглед.
Со новото обележување на просторот, се добива уште една безбедна и прекрасно уредена улица во Делчево, во интерес на граѓаните и сите учесници во сообраќајот.
Градоначалникот Гоцевски најавива дека со вакви и слични активносто ќе се продолжи и во иднина и на останатите улици низ градот, а ваквиот начин на уредување и зголемување на безбедноста ќе стане практика со цел да создадеме побезбедна и поквалитетна сообраќајна инфраструктура за сите.



