
Во Делчево во тек е обележување на хоризонталната сигнализација на сообраќајниците што претставува редовна активност на Општина Делчево, кога станува збор за одржување на хоризонталната сигнализација. Со оваа активност се обезбедуваат услови за безбедно користење и употреба на улиците од страна на сите учесници во сообраќајот со што директно се влијае на зголемување на безбедноста во сообраќајот во Делчево.
Со обележување ќе биде опфатена вкупна површина од околу 500 м2, а ќе се обележуваат осовински линии и линии водилки, стрелки, сообраќајни острови, пешачки премини со стоп– линија, ознаки на коловозот итн., по уличната мрежа во градот.
Изведувач на работите е ВИА СИГНАЛ ДООЕЛ Скопје со кој Општина Делчево има склучено договор за јавна набавка на услуги „Одржување хоризонтална сигнализација“. Вредноста на договорот кој е годишен, изнесува околу 800 илјади денари.







