Се градат нови улици и подземна инфраструктура во населбата Пролет

  • Новости

Новата населба Пролет го добива својот урбан лик. Деновиве започна реализацијата на големиот инфраструктурен проект во населбата кој предвидува изградба на улици во должина од 420 метри и изградба на подземна инфраструктура.  Овде ќе се гради фекална и атмосферска канализација за населбата и систем за водоснабдување, а ќе се изградат улиците:  улица 4 в, дел од улица 3, дел до улица 5 и дел од улица 1.
Инвестицијата е вредна 8, 4 милиони денари, средства обезбедени од Владата преку Министерството за транспорт и врски.
Изведувач на градежните работи е СД Транс, с.Ѕвегор, Делчево.
Увид во почетокот на градежните работи направи градоначаникот Иван Гоцевски кој истакна дека новата населба Пролет во Делчево ќе биде една од најубавите населби и со сите проекти кои се работат во населбата, таа го добива својот урбан лик.
-Со инфраструктурните проекти продолжуваме и наредниот период. Деновиве го распишавме општиот тендер за изградба на патна инфраструктура во висина од околу 10. милиони денари.  Овој тендер најавува работно лето во Делчево и изградба на инфраструктура која е во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Со тендерот е предвидена изградба на неколку улици, санирање критична инфраструктура и сл., нагласи Гоцевски.
Shares