Донација за Делчево: вакумска метларка за чистење на улиците

  • Новости

Општина Делчево доби донација-нова машина за чистење на улиците од фирмата М-Д РЕНТАЛС ДООЕЛ Скопје. Конкретно, станува збор за нова машина – вакумска метларка за чистење на улиците, произведена во 2024 година, марка BAIYI, ИСО и СЕ- сертифицирана. Машината е со проценета вредност од 399.992,оо денари со вклучен ДДВ.

 Градоначалникот на Општина Делчево денеска го потпиша Договорот со компанијата за донација на Општина Делчево при што истакна дека е во прашање значајна донација која ќе придонесе за поефикасно одржување на јавната чистота, почисти улици и поуредени јавни површини во нашиот град.

Новата современа машина ќе биде ставена во функција на граѓаните и ќе помогне во секојдневното одржување на хигиената во Делчево, со што дополнително се подобрува квалитетот на урбаното живеење. Изразувам , искрена благодарност до компанијата „М-Д РЕНТАЛС“ за општествената одговорност и поддршката кон Општина Делчево. Со ова уште еднаш се потврдува дека нашите заложби како општина се препознаваат и се поддржуваат, кога се работи посветено и во интерес на граѓаните.

Продолжуваме со конкретни дела и инвестиции за поубаво и почисто Делчево, нагласи Гоцевски.

Shares