![]()
Општина Делчево ве поканува на настаните организирани во чест на светителите Кирил и Методиј, заштитници -светители на Делчево.
По тој повод се организирани низа настани со кои Општина Делчево и жителите оддаваат почит на ликот и делото на заштитниците на градот и сесловенските просветители
Настаните започнуваат в петок на 22.05.2026 г. со свечена академија, промоција на книгата „Свети Кирил и Методиј“ и концерт на црковно византиско пеење во изведба на хорот „Света Злата Мегленска“ од Скопје, a продолжуваат в сабота и в недела со свети богослужби и Литија од црквата „Св. Кирил и Методиј“ до параклисот „Св. Климент Охридски“ и кршење на славски колач најавена за в сабота со почеток од 18.00ч.
Програма за чествување по повод 24 Мај
Денот на светите Кирил и Методиј– покровители и заштитници на Делчево
Петок 22.05.2026 година, сала на Спомен– дом АСНОМ
19.00 часот: Свечена академија по повод 24 мај Денот на светите Кирил и Методиј покровители и заштитници на Делчево
– Обраќање на претседателот на Советот на Општина Делчево, Николчо Стоjменовски,
– Обраќање на градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски,
– Обраќање на г-ин Марко, епископ на Делчевско-каменичката епархија,
– Доделување признанија за хуманост и општествена одговорност,
19.30 часот: Промоција на книга „Св. Кирил и Методиј”, промотор Монахиња Ирина,
20.00 часот: Концерт на црковно византиско пеење во изведба на Хор “Св. Злата Мегленска” Скопје
Сабота 23 Мај, 2026 година
17.00 часот: Вечерна богослужба во крстилницата Св. „Наум Охридски“ при соборната црква „Св. Кирил и Методиј“ во Делчево
18.00 часот: Литија од црквата „Св. Кирил и Методиј“ до параклисот „Св. Климент Охридски“ и кршење на славски колач.
Недела 24 Мај, 2026 година
08.15 часот: Света Божествена литургија во крстилницата „Св. Наум Охридски“ при Соборната црква „Св. Кирил и Методиј“ со која ќе чиноначалствува г. Марко, епископ на Делчевско- кaменичката епархија.



