Делчево доби уникатен парк со цитати од Библијата каде се споменува Македонија

  • Новости

Уникатниот парк со цитати од Светото писмо  во Делчево , привлече големо внимание на јавноста и прерасна во уште една препознатлива туристичка понуда во Делчево и  духовно и културно обележје на градот. Посебно што паркот е уреден пред соборниот храм посветен на светите браќа Кирил и Методиј кои Делчево ги слави како заштитници и светители на градот.

Како што истакна градоначалникот Иван Гоцевски, овој парк претставува симболичен спој на верата, историјата и македонскиот идентитет.

–          Делчево доби уникатен парк кој има духовно, културно и едукативно значење и во кој се поставени 27 мермерни плочи од кои на 26 има библиски цитати, каде што се споменува Македонија. Овој простор претставува симболичен спој на верата, историјата и македонскиот идентитет, нагласи Гоцевски

На мермерните плочи се испишани цитати од Светово писмо, односно стихови каде директно се споменува Македонија. Цитатите се поврзани си мисионерските патувања на апостолот Павле и неговото делување на македонско тло, особено познатото Македонско видение.

Паркот има повеќеслојно значење. Претставува духовно и културно обележје на градот, сведочи за историското присуство на Македонија во библиските текстови, има едукативна улога за младите генерации и посетителите, придонесува за развој на верски и културен туризам во Делчево.

Со својата уреденост и симболика, духовен мир и почит кон пишаниот збор, мермерните плочи претставуваат трајни сведоштва и ја истакнуваат поврзаноста на Македонија со христојанската традиција и библиското наследство.

Паркот е инвестиција на Општина Делчево.

Shares