
Општина Делчево продолжува успешно да соработува со Јавното претпријатие за одржување и заштита на регионални и магистрални патишта, партнерство кое резултира со значајни инвестиции во патната инфраструктура и подобрување на условите за живот на граѓаните.
Во текот на 2025 и 2026 година, преку Програмата на ЈП за државни патишта, раководена од директорот Коце Трајановски, на територијата на Општина Делчево се реализирани инвестиции во висина од околу 63 милиони денари. Средствата се наменети за реконструкција на регионалниот пат Делчево – Габрово и фазна реконструкција на регионалниот пат Делчево – Пехчево.
Градоначалникот на Општина Делчево денеска, заедно со заменик-директорот на ЈП за одржување и заштита на регионални и магистрални патишта, Александар Шуковски, и раководителот на подружницата Штип, Дејан Пачемски, извршија увид во досега реализираните активности и разговараа за идните проекти поврзани со регионалната патна инфраструктура.
На средбата беше истакнато задоволството од досегашната соработка, како и очекувањата за нови инвестиции кои ќе придонесат за понатамошен развој на патната мрежа во Делчево.
Општина Делчево изразува благодарност до ЈП за одржување и заштита на регионални и магистрални патишта за континуираната поддршка и вложувањата во инфраструктурни проекти од значење за граѓаните.
Со заеднички напори на Владата, ресорните министерства, јавните претпријатија и локалната самоуправа, продолжува реализацијата на проекти кои одговараат на потребите на граѓаните и придонесуваат за подобар квалитет на живот, поголема безбедност во сообраќајот и рамномерен локален развој.
Општина Делчево останува посветена на создавање современа и функционална инфраструктура која ќе го поттикнува економскиот развој и ќе обезбеди подобра поврзаност на регионот.



