
Деновиве започна изградбата на нова улица во с. Ѕвегор, лоцирана во средината на село и претставува одговор на барањето на жителите за подобрување на квалитетот на животот и поквалитетна инфраструктура. Жителите чии домови се покрај улицата и тие кои гравитираат во овој дел на селото, за прв пат ќе добијат современа сообраќајница и современ пристап до своите домови.
Должината на проектираната улица е околу 90 метри, а градежните зафати ги изведува СД ТРАНС. Вредноста на проектот е околу 700.000 денари, средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски.



