Општина Делчево организира Форум со дијаспората – заедно кон нови идеи и развој

  • Новости

Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани претставници на дијаспората да присуствуваат на Форумот со дијаспората, кој ќе се одржи на 11 август 2026 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, во Спомен дом АСНОМ во Делчево.

Форумот има за цел да ги зајакне врските и соработката меѓу Општина Делчево и иселениците, преку отворен дијалог, размена на идеи и предлози за идни иницијативи. Настанот ќе претставува можност за заедничко разгледување на потенцијалите за локален развој, инвестиции, соработка и реализација на проекти од заеднички интерес.

Ги покануваме сите наши сограѓани кои живеат и работат во странство, а престојуваат во Делчево, да бидат дел од Форумот и со своите идеи, искуства и предлози да придонесат за создавање нови можности и подобра иднина за нашата општина.

Shares