Асфалт на „Видое Смилевски-Бато“

  • Новости

Се асфалтира улицата „Видое Смилевски-Бато“ во населбата Расадник со што и завршува изградбата на една од најкритичните делници од патната инфраструктура во Делчево. Се асфалтираат 180 метри од улицата, а претходно за овој дел од населбата беше изградена фекална канализација и потпорен ѕид- како посебна заштита поради конфигурацијата на теренот.

Со реализацијата на овој проект, Општината конкретно одговара на потребите на жителите кои скоро половина век живеат без основната инфраструктура.

Вредноста на работите за изградба на улицата „Видео Смилевски-Бато“ е 6,5 милиони денари, средства од Владата на РСМ преку Министерството за транспорт, а работите ги изведува делчевската фирма СД-ТРАНС од с. Ѕвегор, Делчево.

Shares