Делчево доби уште една современа сообраќајница во централното градско подрачје. Со поставувањето асфалт на дел од новата улица 1, заврши изградбата на оваа делница која за прв пат го поврзува централното градско подрачје, на потегот од Територијалната противпожарна единица до новиот станбен комплекс „Дамјанов“. Станува збор за целосно нова улица во должина од 150 метри, за која граѓаните со години наназад имаа оправдани очекувања да биде изградена.
Претходно на овој потег беше инсталирана и подземна инфратсруктура.
Со изградбата на овој инфраструктурен проект се решава долгогодишен предизвик во централното градско подрачје, се поврзуваат новите градби и овој дел на Делчево добива современ урбан лик.







