
Брендиран е новиот Турисички културен информатор на Општина Делчево со што Општина Делчево испишува нова страница во туристичката промоција и афирмација на локалните природни и археолошки раритети и спецификите на Пијанец.
Процесот се работеше во партнерство со НУКЦ „Никола Јонков Вапцаров“, а главна цел е афирмација на потенцијалите за развој на Делчево во локални, национални и меѓународни рамки .
Туристичкиот информатор ќе функционира како основна клетка во развојот на туризмот кое ќе ја зајакне препознатливоста на Делчево како современа и автентична општина, ќе го поттикне туризмот, инвестициите и културната размена со посебен аспект на промоција на локалниот идентитет, традицијата и природното богатство.
Една од специфичните цели е и вклучувањето и придонесеот на заинтересираните поединци, (граѓаните, младите и дијаспората) во промотивните процеси, но и подобрување на капацитетите на Општина Делчево и нивото на соработката на Општина Делчево со регионални, национални и меѓународни организации.
Отворањето на овој Туристички културен центар е дел од поширока програма на Општина Делчево „Најдоброто од Делчево” која се реализира во соработка со локални компании, здруженија и поединци.




