ПОВИК ЗА УПИС ВО РЕГИСТАР НА ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА КОИ ВРШАТ УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ ОД МАЛ ОБЕМ

  • Новости

Општина Делчево ги повикува сите правни субјекти и физички лица кои вршат угостителска дејност на територија на општината, a кои сè уште не доставиле Барање за упис во регистарот, да го сторат тоа во најскоро време.

За упис во регистарот на правни субјекти покрај Барањето за упис во регистарот на субјекти кои вршат угостителска дејност треба да бидат приложени и следните документи:

-пријава до Државниот пазарен инспекторат за исполнети минимално – технички услови

-доказ за сопственост доколку се работи за физички лица кои вршат угостителски услуги за сместување во куќи, апартмани и соби со капацитет до 20 легла

-доказ за сопственост, или доказ за правото на користење, доколку се работи за селски домаќинства во кои се даваат услуги на издавање соби и апартмани

-Изјава за согласност за давање угостителски услуги за сместување од сопственик/ци доколку објектот има повеќе од еден сопстевник (заверена на нотар);

– Административна такса по тарифен број 1, во висина од 50 ден. уплатена на образец ПП 50 за поднесено барање за категоризација на угостителски објект

– Административна такса по тарифен број 2, во висина од 250 ден. уплатена на образец ПП 50 за издадено решение за категоризација на угостителски објект

За упис во регистарот на физички лица покрај Барањето за упис во регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност да се приложат следните документи:

-доказ за сопственост.

Договор склучен со туристичка агенција

Напомена: Куќите, апартманите и собите за одмор во кои се вршат угостителски услуги на сместување се категоризираат од страна на општината.

Правниот субјект или физичкото лице, исто така, треба да поднесат Пријава за утврдување на часот на отпочнувањето на работното време и распоредот на работното време.

Документите се доставуваат во Архивата на Општина Делчево со назнака За упис во регистар.

Инаку, согласно со Законот за угостителската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2004, 89/2008, 115/2010, 53/2011, 141/2012, 164/2013, 187/2013, 166/2014, 199/2014, 129/2015, 192/2015, 39/2016, 53/2016 и 71/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/2020, 16/2025 и 134/2026) „физичките лица кои согласно одредбите од овој Закон даваат угостителски услуги поднесуваат барање за упис во Регистарот до градоначалникот на општината.

Со исполнување на законската обврска се подобрува соработката меѓу локалната самоуправа и локалниот угостителско-туристички сектор, односно се придонесува во развој на туризмот во Општина Делчево со збогатување на туристичката понуда на угостителски услуги за изнајмување туристичка понуда  на угостителски услуги за изнајмување приватни сметстувачки капацитети-куќи, станови, апартмани и соби за одмор.

За повеќе информации можете да се обратите на телефон: 033 411 550

Или на емаил: info@delcevo.gov.mk

Shares