Апел до возачите за почетокот на новата училишна година

  • Новости

По повод почетокот на новата учебна година, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата- Делчево апелира до возачите  да се движат со зголемена внимателност, намалена брзина  и трпение кон најмалите учесници во сообраќајот, посебно внимавајќи на улиците и патиштата околу училиштата во Делчево и  низ населените места во Општината.

 Децата не можат секогаш правилно да ја проценат брзината на движење  и оддалеченоста на возилата, а нивното внимание многу лесно може да биде свртено кон друштвото или игра. Тие одеднаш можат да го сменат правецот на движење или да се спуштат на коловозот, затоа до возачите се апелира:

–          Да ја намалат брзината на движење и да се движат со зголемена внимателност;

–          Да го почитуваат поставеното ограничување на брзната на движење во градот и населените места, а посебно во зоните пред училиштата;

–          Да го застанат возилото на пешачки премин и да ги пропуштат децата кои стапнале или се наоѓаат на пешачкиот премин;

–          Да го управуваат возилото со посебно внимание на крстосници, автобуски стојалишта и во близина на паркирани возила;

–          Да не користат мобилен телефон додека управуваат со возилото; и

–          Да не паркираат на тротоарите, пешачките премини и други места каде се попречува прегледноста.

Да ги заштитиме децата во сообраќајот, бидејќи нивната безбедност е наша обврска и одговорност!

 

Shares