
Први септември го означи почетокот на новата учебна 2026/27 година. Училишното ѕвонче ги врати во училишните клупи учениците, а оваа учебна година во двете основни училишта и Средното општинско училиште во Делчево, новата учебна година ја започнуваат вкупно 1.201 ученик.
Особено радосен е почетокот за 72 првачиња, кои денеска го прават својот прв чекор во светот на знаењето, но и за 90 нови средношколци кои го започнуваат своето средно образование во делчевскиот средношколски училишен центар и испишуваат ново поглавје во своето образование.
Во сите образовни институции во Делчево училишниот ден започна со пригодна свеченост и со многу смеа, музика и забава организирана од училиштата. На првиот училишен ден, присуствуваше градоначалникот Иван Гоцевски кој на сите ученици им посака успешна, здрава и исполнета учебна година.
– Првиот училишен ден секогаш е празник на градот. Денеска им посакуваме добредојде во училишните клупи на сите ученици. Им посакувам успешна и среќна учебна година, исполнета со знаење, нови пријателства и многу убави моменти. Посебно на нашите најмали ученици-првачињата кои од овој први септември го започнуваат најубавото училишно патување. Денес го правите вашиот прв голем чекор кон светот на знаењето. Нека секој училишен ден ви носи ново знаење, ново другарство и причина за насмевка. За сите ученици во нашиот град, продолжуваме со мерките за наградување на трудот и успехот, за поттикнување на натпреварот во знаење и како Општина, остануваме посветени да создаваме подобри услови за секое дете да расте, учи и да ги развива своите таленти. Бидејќи инвестицијата во децата и младите е инвестиција во иднината. Среќна и успешна учебна година на сите!- порача Гоцевски.
По повод први септември, Општина Делчево во партнерство со училиштата, ЈЛБ „Илинден“ и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ се организира Младински музичко-активистички перформанс „Мојот град- Мојата иднина”, богат со содржини и со цел да се испишат моменти кои ќе останат во сеќавање на учениците и ќе се долови празничната атмосфера во градот. Настанот ќе започне во 9,30 мин пред платото на Спомен-домот АСНОМ. Во рамките на програмата ќе се одвидаат следните настани:
- „Временска капсула за првачињата”
Реализација: Општина Делчево во соработка со наставници
- „Засади го своето дрвце“ (Засадување на дрвце за секое одделение првачиња)
Реализација: Општина Делчево во соработка со наставници
- Музичко-сценски перформанс
Реализација: НУЦК „Никола Јонков Вапцаров” Делчево во сораотка со ЈЛБ „Илинден” Делчево
- Ѕид н„а уметнички графити на учениците
Реализација: ЈЛБ „Илинден” Делчево
- Промоција на лектирите за тековната учебна година,
Реализација: ЈЛБ „Илинден” Делчево
- „Биди волонтер“- Штанд на активисти-волонтери на ОО „Црвен Крст” Делчево
Реализација: ОО „Црвен Крст” Делчево
- „Запознај ја традицијата”- штандови на фолклорни групи, друштва и поединци
Реализација: НУЦК „Никола Јонков Вапцаров” Делчево во сораотка со ЈЛБ „Илинден” Делчево
- Иднината на Делчево низ призма на вештачката интелигенција
Реализација: Општина Делчево и СОУ „М.М Брицо” Делчево
Општина Делчево и оваа година продолжува со поддршката за учениците и вложувањето во образованието, затоа што инвестицијата во знаењето и во младите е инвестиција во иднината на Делчево.
Започна учебната година за 1.201 ученик во Делчево. За прв пат во ученичките клупи седнуваат 72 првачиња, а во Средношколскиот училишен центар нови 90 средношколци.
Првиот училишен ден започна со пригодна свеченост во трите образовни институции.
Делчево повторно живее со детската насмевка, со возбудата и со убавината на првиот училишен ден. Во обарзовните училишта во Делчево учат 1.201 ученик, а вкупниот број на првачиња во Општината изнесува 72.
Во СОУ „М.М.Брицо“ своето образование ќе го продолжат уште 90 средношколци кои прв пат седнуваат во средношколските клупи.



