
По повод Денот на ослободување на Делчево, на локацијата на паркингот пред Спомен-домот АСНОМ се реализира Презентација и тактичко-технички збор од страна на Армијата на припадниците на 2. пешадиски баталјон од гарнизонот во Штип.
Презентацијата која предизвика голем интерес кај граѓаните, беше и одлична можност, граѓаните на Општина Делчево од непосредна близина да погледнат и да се запознаат со дел од вооружувањето, борбената опрема и возила, но исто така, имаа можност и да поразговараат со припадниците на Армијата кои секојдневно се грижат за нашата безбедност.
За организацијата на настанот, градоначалникот Гоцевски изрази благодарност до сите припадници на АРМ и посебно во знак на благодарност и континуирана поддршка на Делчево на Свечената седница им додели плакети на министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генерал-штабот на АРМ, генерал-мајор Сашко Лафчиски.



