
Општина Делчево склучи Договор за јавна набавка за реконструкција на улицата „Даме Груев“ во село Тработивиште. Со договорот, потпишан меѓу Општина Делчево и избраниот економски оператор „ЕМПРАКС ИНТЕРТРАНС“ ДООЕЛ Зелениково, се создаваат услови за реализација на уште еден значаен инфраструктурен зафат во руралните средини на општината.
Реконструкција на улицата „Даме Груев“ во с. Тработивиште е предвидена во должина од 380 метри, а вредноста на Договорт е 1.921.843,70 денари без вклучен ДДВ, односно 2.267.776,00 денари со вклучен ДДВ.
Паричните средства се обезбедени од комбинирани извори на финансирање и тоа: преку склучен Договор за меѓусебно регулирање на правата и обврските во однос на извршена исплата на финансиски средства склучен помеѓу Министерство за транспорт на Република Северна Македонија и Општина Делчево, на Општина Делчево ѝ се доделени парични средства во износ од 1.134.015,00 денари наменети за реализација на проектот: Реконструкција на улица „Даме Груев“ крак 2 во с.Тработивиште во Општина Делчево,
Министерство за транспорт на Република Северна Македонија учествува со парични средства во износ од 1.134.015,00 денари, а Општина Делчево со парични средства во износ од 1.133.761,00 денари со ДДВ обезбедени преку Буџетот на Општината.
Реконструкцијата на улицата е дел од определбата на Општина Делчево за подобрување на патната инфраструктура и условите за живеење во населените места, со инвестиции кои придонесуваат за побезбедно и поквалитетно секојдневие на граѓаните.
Со реализацијата на овој проект, Општина Делчево продолжува со вложувањата во инфраструктурата и рамномерниот развој на општината, вклучително и во руралните средини.




