
Грижата за здравјето, навремената превенција и поддршката за секоја жена се во фокусот на јавниот настан што по повод Розовиот октомври ќе се одржи во Делчево.
Комисијата за еднакви можности при Општина Делчево, во соработка со Организацијата „ЖЕНА“ од Делчево, организира јавен настан посветен на подигнување на свеста за женското здравје, превенцијата и раното откривање на ракот на дојката.
Под мотото „Грижи се за себе, провери и не одложувај“, настанот има цел да ја поттикне информираноста за важноста на редовните здравствени контроли, препознавањето на можните предупредувачки знаци и навременото обраќање кај лекар.
На настанот ќе присуствува и д-р Адријана Илиевска-Велковски, специјалист радиолог, која ќе сподели стручни информации за превенцијата, раните знаци на болеста и значењето на редовните лекарски прегледи.
Настанот ќе се одржи утре вторник, во центарот на Делчево, пред хотелот „Либеро“, со почеток во 14:00 часот.
Розовиот октомври е потсетник дека грижата за сопственото здравје треба да биде приоритет, а информираноста и навремената реакција се важен дел од превенцијата.
Грижата, информираноста и поддршката за секоја жена се заедничка одговорност. Да зборуваме отворено за женското здравје, да се поддржуваме и да не ги одложуваме прегледите.



