Во Ново Делчево се подготвува мини фитнес-парк

  • Новости

Во населбата Ново Делчево се подготвува нов мини фитнес-парк, кој е донација од нашиот иселеник Благојчо Симоновски, кој живее и работи во Швајцарија.

Со оваа донација, Делчево ќе добие нова содржина, ново катче за рекреација и физичка активност, наменето за граѓаните кои сакаат да поминуваат повеќе време на отворено и да се грижат за своето здравје.

Градоначалникот Иван Гоцевски направи увид во текот на поставувањето на опремата и истакна дека оваа иницијатива е уште еден пример за поврзаноста на нашите иселеници со родниот крај и нивната подготвеност да придонесуваат за подобрување на условите за живот во заедницата.

–Ваквите гестови имаат посебна вредност бидејќи покажуваат дека љубовта кон родното место не познава граници и дека секој придонес може да донесе позитивни промени во локалната средина. Како градоначалник изразувам благодарност до Благојчо за донацијата, за неговата општествена одговорност и поддршката за развојот на родниот град. Сите заедно, секој на свој начин може да придонесеме Делчево да ни е убаво,  Делчево да добие нови содржини, а јавните простори да прераснат во места за дружење, рекреација и поздрав живот, нагласи Гоцевски.

Shares