Општина Делчево дел од Програмата за Општинско-корисна работа 2026

  • Новости

Во Општина Делчево се ангажирани 4 невработени лица преку Програмата за Општинско-корисна работа. Две лица се ангажирани како негователки во Дневниот центар за лица со попреченост и две негователки за деца во предучилишно образование во  ОЈУДГ „Весели цветови“.

 Програмата за Општинско-корисна работа е поддржана со средства од Буџетот на Владата, преку Агенцијата за вработување, како и од Буџетот на Општина Делчево, а ангажираните лица ќе работат по осум часа дневно, со паричен надоместок во висина од 24.000,00 денари месечнио, бруто– износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Работниот ангажман е вкупно 40 (четириесет) работни часови неделно, за период  од 9 (девет) месеци, почнувајќи  од 01.11.2026 до 31.10.2027 г. при што статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Програмата Општинско-корисна работа во Општина Делчево се спроведува 14 години и таа обезбедува вклучување невработени лица заради стекнување знаења, вештини и компетенции за обезбедување услуги на грижа во заедницата и можност за работно ангажирање во областа на економијата за грижа, согласно со потребите на граѓаните на локално ниво. Целта на Програмата е зголемување на вработливоста преку работно ангажирање на невработени лица, насочени кон обезбедување социјални и здравствени услуги на локално ниво.

Shares